• Skip to content

Ashaya Exclusive

Grooming Studio

  • Почетна
  • За Нас
  • Совети
  • Услуги
  • Галерија
  • Контакт

Почетна

  • Бањање

  1. 1

Повеќето миленичиња би го избегнале бањањето, но тоа игра голема улога во здравјето на нивната кожа и крзно.
Редовното бањање го ослобува миленикот од сите нечистотии и паразити кои се закачуваат на него, спречува крзното да се плетка и мрси, го отстранува непријатниот мирис, а со тоа овозможува и на вам да ви биде попријатно во неговото присуство.
Нашиот салон нуди козметика за честа употреба, која е толку нежна што доколку сакате вашиот миленик можете да го бањате и на неколку дена.
За миленици кои се бањаат поретко, користиме и козметика за длабинско чистење која темелно ќе ги отстрани нечистотиите.

Прочитајте Повеќе

  • Шишање

  1. 1

Многу типови на крзно на миленици имаат потреба од редовно шишање или тримирање. Стиловите на фризура се различни за дадени раси, зависат од вкусот на сопственикот и од тоа дали миленикот ќе се изложува. Сопственикот може да одбере фризура доколку редовно го оддржува крзното на својот миленик. Доколку пак миленикот е заплеткан, мора да се шиша кратко со машинка.

Прочитајте Повеќе

  • Show Grooming - Изложбен груминг

  1. 1

Тоа е посебен вид на груминг на вашиот миленик со кој миленикот треба да ги прикаже најдобрите карактеристики на сопствената раса. Постојат стандардни фризури и тука нема многу простор за импровизации. Изложбените кучиња треба да се бањаат често и да не мирисаат.

Кај некои раси крзното треба да се оддржува и да расте со месеци/цел живот, а грумингот трае со саати, се користат специјални производи за расите, одзима многу време и внимание.

  • Грижата за крзното и кожата на вашиот миленик треба да биде редовна, ние сме тука за да ви помогнеме.

  1. 1

Нашите услуги вклучуваат

Расчеткување
Бањање
Шишање
Средување нокти
Чистење Уши
Фенирање
grooming studio google maps

Сакате вашиот миленик секогаш да изгледа прекрасно? Повелете кај нас

Адреса: Нобелова 22, Скопје

Телефон: +38970222713

Емаил: ashaya.exclusive@gmail.com

Copyright © 2021 · Parallax Pro on Genesis Framework · WordPress · Log in