Повеќето миленичиња би го избегнале бањањето, но тоа игра голема улога во здравјето на нивната кожа и крзно.
Редовното бањање го ослобува миленикот од сите нечистотии и паразити кои се закачуваат на него, спречува крзното да се плетка и мрси, го отстранува непријатниот мирис, а со тоа овозможува и на вам да ви биде попријатно во неговото присуство.
Нашиот салон нуди козметика за честа употреба, која е толку нежна што доколку сакате вашиот миленик можете да го бањате и на неколку дена.
За миленици кои се бањаат поретко, користиме и козметика за длабинско чистење која темелно ќе ги отстрани нечистотиите.
Многу типови на крзно на миленици имаат потреба од редовно шишање или тримирање. Стиловите на фризура се различни за дадени раси, зависат од вкусот на сопственикот и од тоа дали миленикот ќе се изложува. Сопственикот може да одбере фризура доколку редовно го оддржува крзното на својот миленик. Доколку пак миленикот е заплеткан, мора да се шиша кратко со машинка.
Тоа е посебен вид на груминг на вашиот миленик со кој миленикот треба да ги прикаже најдобрите карактеристики на сопствената раса. Постојат стандардни фризури и тука нема многу простор за импровизации. Изложбените кучиња треба да се бањаат често и да не мирисаат.
Кај некои раси крзното треба да се оддржува и да расте со месеци/цел живот, а грумингот трае со саати, се користат специјални производи за расите, одзима многу време и внимание.
-
Грижата за крзното и кожата на вашиот миленик треба да биде редовна, ние сме тука за да ви помогнеме.
Расчеткување
Бањање
Шишање
Средување нокти
Чистење Уши
Фенирање

Адреса: Нобелова 22, Скопје
Телефон: +38970222713
Емаил: ashaya.exclusive@gmail.com